Online Library TheLib.net » Предвесници на бурата МЕМОАРИ ТОМ 3/ Predvesnici na burata: memoari tom 3
cover of the book Предвесници на бурата МЕМОАРИ ТОМ 3/ Predvesnici na burata: memoari tom 3

Ebook: Предвесници на бурата МЕМОАРИ ТОМ 3/ Predvesnici na burata: memoari tom 3

00
02.03.2024
0
0
Историскиот придонес на Петар Манџуков
ДЛАБОКО ВО МАКЕДОНСКАТА НОЌ
Животната нишалка на борецот, патриот, човекољубец, верен
следбеник на анархистичките идеи, но над сѐ македонољубец, Петар
Манџуков, продолжува да се ниша и натаму, ту побавно, ту позабрзано,
а на моменти трескавично и со зашеметувачка драматичност. Но, освен
како непоколеблив поборник на безвластието. Манџуков ќе се пројави и
како непомирлив борец против турскиот автократизам.
Средишта со кои е сврзана животната врвица на Петар Манџуков
во третиот и четвртиот том од мемоарските записи што ја сочинуваат
оваа книга се: Цариград, Солун, Софија и Пловдив, но и повеќе градови
и населени места во внатрешноста на Бугарија, а најнакрај го среќаваме
и како комита или водач на чети во пограничните реони до бугарскотурската граница. Временскиот период на кој се однесуваат спомените
што Манџуков ни ги оставил во наследство во овие два тома е многу краток, но тој е исполнет со бројни драматични настани и доживувања, кои
придонесуваат овој наш врвен мемоарист речиси перманентно да
преживува пренапрегната лична драма. Истовремено се случуваат и
неколку бурни настани, кои добро ја растресуваат и онака разнишаната и
однатре силно разјадена турска империја. Времето во кое се зафатени и
опишани настаните и случувањата и мајсторски портретирани личностите во овој дел од спомените на Манџуков, фактички е периодот од 1900
до 1904 година.
Двата клучни настана, пак, околу кои се вртат во најголем обем
мемоарските записи на Манџуков, се зафатите што тој и неговите другари анархисти ги преземаат за да се кренат во воздух главното седиште
на Отоманската банка во Цариград и седиштето на нејзината филијала во
Солун. Овие потфати не се ништо друго, туку копање тунели до темелите
на двете згради, потоа поставување динамит, негово активирање и најпосле нивно уривање, односно срамнување со земјата.
Целата приказна што Манџуков ја “плете” во овие два дела од
неговите мемоарски записи, всушност се однесува на копањето на
тунелите под банките (особено на оној во Цариград), како и на деталниот
приказ на бројните непредвидени проблеми што ќе се јават при обезбедувањето средства, но и при самата набавка и пренесување на динамитот до
5местата каде што треба да биде употребен. За сето време авторот го
следи и прикриениот и отворениот судир што перманентно трае меѓу нив
и Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) и не
секогаш плодотворните и мазни контакти и соработка што двете
анархистички групи (во Цариград и Солун) ги одржуваат со Врховниот
македонски комитет во Софија, на чие чело тогаш се наоѓа непредвидливиот Борис Сарафов.
Врз фонот, но и во меѓупросторот на магистралните настани,
исклучителниот мемоарист и надарен литерат Манџуков пропушта да
тече една друга бујна река од интересни настани, кои му даваат посебен
шарм и привлечност на ова ретко мемоарско четиво. Во тој своевиден
паралелен тек на настаните читателот е не само жив сведок, туку и
исклучително заинтересиран проследувач на многу интересни доживувања на главните актери во “драмата”, но и на сите оние што се нивни
постојани придружници, покровители, стари или нови познајници. Се
работи за една цела плејада од тогаш помалку или повеќе познати
личности, што наскоро или подоцна ќе одиграат крупна улога во политичкиот живот на Бугарија и на Македонија.
Особено живописно е предаден, поточно насликан животот во
Цариград. Просто фасцинира и восхитува деталното опишување што го
практицира Манџуков во прикажувањето на знаменитостите на Цариград, но и на неговиот севкупен буен живот (трговскиот уличниот, пристанишниот). Цариградските мемоарски записи на Манџуков токму затоа
претставуваат не само веродостојно сведоштво за еден досега во нашата
историја речиси непознат потфат на македонските анархисти, кој бил
добро осмислен, но во последен момент случајно спречен од турската
полиција, туку истовремено тие се прекрасен документаристички приказ
на сите раскошни природни убавини, монументални градби наследени од
милениумското богато и бурно историско минато, ама и на оние од поново време, како и на онаа приземната, темната страна од животот во
главниот град на Империјата, која некогаш беше меѓу најмоќните во светот, а тогаш беше пред умирање.
Манџуков во своите мемоарски записи во Цариград, меѓу другото, дава детален непогрешлив опис на безмалку сите најзначајни културно-историски споменици, меѓу кои и на монументалната црква Света
Софија, Историскиот музеј, Музејот на јаничарите и на бројни други
историски знаменитости. Во записите на Манџуков исто така ќе го
сретнете и податокот дека во Историскиот музеј на Цариград го видел и
скелетот на Александар Македопски, најголемиот војсководец во
историјата на човечката цивилизација. Се разбира, авторот притоа дава и
детален опис на скелетот на овој наш историски гигант.
Белетристичката дарба на Манџуков доаѓа до целосен израз
посебно при описот на уникатните природни знамепитости со кои изо-
6билува “царскиот град”. Особено импресивен е описот на заливот Златен
рог, но со истото внимание се читаат и описите на другите природни
волшепства со кои располага Цариград. Драгоцени за читателот се и
егзактните податоци што исклучителниот мемоарист Манџуков ги дава
за водечките државни институции во кои е сместена највисоката администрација на Турската империја, како што се Високата Порта, Илд’з
ќошк, Долма бахче, од кои се управувало со турското царство.
Највозбудливите страници од мемоарските записи на Манџуков
кои се однесуваат на неколкуте месеци поминати за време на копањето
на тунелот до темелите на Отоманската банка во Цариград во 1900 година, сепак се сврзани за настаните со откривањето на динамитот од страна
на турската пристанишна полиција, подоцнежното апсење на набавувачот - Ерменецот Казаков, потоа апсењето на четворицата “изведувачи
на работите” под Банката - Шатев, Манџуков, Мерџанов и Соколов,
нивниот кус престој во затворот и спектакуларното ослободување и прогонување во Бугарија.Драматични настани се тоа “со сите нишани”, што
се вели, ама таа динамика е исклучиво заслуга на Манџуков, поточно на
неговата осведочена раскажувачка дарба и мемоаристички усет и допира
до нас и до нашето време речиси конзервирана, што ќе рече, неначната,
свежа, провокативна. Како фактографија, сепак сметаме дека е неопходно да се каже (тоа, впрочем, го соопштува ефектно самиот Манџуков),
дека спектакуларното ослободување на Шатев, Манџуков, Мерџанов и
Соколов следи по директната интервенција на тогашниот претседател на
бугарската Влада, Радославов, лично кај турскиот султан Абдул Хамид.
Значи, некогашните заговорници и несудени убијци на султанот
Абдул Хамид (Манџуков и Мерџанов), како и другите нивни двајца
истомисленици Соколов и Шатев, се принудени да го напуштат Цариград,
откако турската полиција открива дека се вмешани во набавката на
поголемо количество динамит. За нивна голема среќа, турската власт не
успева да дознае за каква намена ќе биде употребен динамитот, а уште
побитно за нив е тоа што цариградската полиција не го открила веќе
ископаниот тунел до темелите на Отоманската банка. Така четворицата
соидејници - анархисти и непоколебливи борци за ослободување на
Македонија од турската тиранија поминуваат само два месеца во
турскиот затвор, додека до откривањето на тунелот што го ископале до
темелите на зградата каде што се наоѓа главното седиште на Отоманската банка, ќе дојде по неколку месеци, кога тие веќе се наоѓаат на сигурно
во Софија.
Ова, меѓутоа, кажува дека она што требаше да биде лебедова
песна во цариградските активности на Манџуков и другите членови од
неговата анархистичка група (кога веќе не успеа атентатот што го подготвуваа врз султанот Абдул Хамид), на крајот се претвори во жестоко
поразителен дебакл за нив. Интересно е да се напомене дека зад овој
7тежок неуспех на Мапџуков и неговите другари, стои Борис Сарафов -
тогашниот претседател на Македонскиот врховен комитет во Софија, кој
речиси цело време материјално го помагаше копањето на тунелот до
темелите на Отоманската банка во Цариград, па и набавувањето на динамитот за нејзиното кревање во воздух, на крајот со еден само навидум
небрежен, а во суштина длабоко интригаитски и непријателски потег,
дозволи да биде уништено едно потенцијално големо дело на непоколебливите борци за ослободување на Македонија од турското ропство -
анархистите.
Кога не им успева акцијата во Цариград, која фактички кулминираше со нивното протерување од овој град, Манџуков, Мерџанов и
Соколов одново се најдоа во Софија, додека Шатев од турските власти
беше директно спроведен во неговиот роден град Кратово. Иако
разочарани од неуспехот во Цариград, тие не се повлекоа туку веднаш
цврсто решија да и се посветат целосно на една слична акција што
требаше да се реализира во Солун. Оваа акција, всушност беше започната
уште летото на 1900-та година, но таа беше прекината поради материјалната исцрпеност.
Сега требаше да се изнајдат нови извори на средства со кои ќе се
обнови копањето на тунелот до темелите на филијалата на Отомаиската
банка во Солун, а подоцна кога ќе се обезбеди потребниот динамит, тој
да се постави, запали, а потоа да се крене Банката во воздух. Работите
можеа да се обноват, но за да се тргне со конкретни активности за тоа беа
потребни пари, а нив ги немаше.
Маиџуков и неговите компањони барајќи излез од речиси безизлезната ситуација, решија одново за помош да му се обратат на Борис
Сарафов. Како единствено делотворен пат за обезбедување на толку
неопходните средства со кои ќе се доврши веќе започнатата акција во
Солун, што Сарафов им го предлага на тројцата “ортаци” е продавањето
облигации низ цела Бугарија од таканаречениот Македонски патриотски
заем. Манџуков, Мерџанов и Соколов добиваат задолженија секој од нив
поединечно да продаде облигации во вредност од 20.000 лева. Времето ќе
покаже дека сите тројца далеку ја натфрлиле нормата, односно висината
на квотата што однапред ја поставил Сарафов.
Продавањето на облигациите во градовите од внатрешноста на
Бугарија, но истовремено и во Софија, ќе се покаже многу успешно.
Собирачите за релативно кратко време ќе соберат значителни суми пари,
кои потоа му ги предаваат на благајникот на Македонскиот врховен
комитет. И да сакале луѓето од ВМК, не можеле тоа да го сокријат,
меѓутоа Сарафов одбил да му даде пари на Манџуков, кој потоа требало
да им ги испрати на членовите на анархистичката група во Солун за да
можат да ја продолжат, поточно обноват работата и конечно да го
довршат ископувањето тунел до темелите на Отоманската банка.
8Сарафов уште еднаш ќе го покаже своето вистинско превртливо
лице, што ќе повлече натамошно пролонгирање на веќе започнатите, па
прекинати активности во Солун. Апсењето на Сарафов и на другите
членови на Врховниот македонски комитет уште повеќе ќе ги комплицира работите околу обезбедувањето средства за солунската акција. Состојбите нема да се променат ниту по неговото ослободување, бидејќи тој со
фалсификуван пасош веднаш инкогнито заминува во некоја од западноевропските земји. Најнакрај, тој сепак ќе обезбеди средства, со кои ќе се
набави и динамит за минирање на Отоманската бапка во Солун.
Набргу, меѓутоа, ќе дојде до сериозни недоразбирања меѓу Мерџанов и Орце Поп Јорданов - клучната фигура во солунската
анархистичка група, што ќе значи и целосно негово раскинување со овие
бестрашни млади македонски борци за ослободување на Македонија -
идните бесмртни солунски атентатори, кои со своите невидени херојски
потфати силно ја потресоа гнилата Турска империја. Тие по разделбата
сами ќе ги продолжат активностите за успешното изведување на сите
дејства предвидени во рамките на солунските атентати, а Манџуков ќе
продолжи да комитува во пограничните реони на границата меѓу Бугарија и Турција. За сето тоа време, кое трае некаде речиси до средината на
1904 година, Манџуков на разпи начини се обидува да ѝ нанесе штети на
апсолутистичка Турција.
Но, пред овие нови и во повеќе наврати сурови потресни комитски искуства и лични драми, Манџуков ќе помине неколку месеци во
театарската трупа на зачетникот на македонската битова драма, Војдан
Чернодрински. Со трупата на Чернодрински, Манџуков ќе помине на
турнеја во петнаесетина бугарски градови, каде што е прикажувана
пиесата “Македонска крвава свадба”.
Како што веќе рековме, во третиот и четвртиот дел на по многу
нешта ексклузивните и атрактивни мемоарски записи на Петар
Манџуков е зафатен периодот од почетокот на 1900-та до половината на
1904-та година. Период е тоа, како што знаеме, на силни конвулзии и драматични бранувања меѓу македонското население во Македонија и на она
што се наоѓа во Бугарија. Истовремено тоа е и период кога во Македонија
трескавично се подготвува Илинденското востание.
Манџуков добро ги знае состојбите што владеат меѓу македонскиот народ и за сето време тој жестоко се спротивставува на едно такво
востание, бидејќи смета дека народот не е подготвен за таков вооружен
судир со Турците. Напротив, тој ги преферира атентатите како начин на
борба со кои може да и се нанесат огромни штети на Турската империја,
но и сериозно да се загрозат економските интереси на најразвиените
европски држави.
Огорчениот противник пак, на кревањето на Илинденското
востание, Петар Манџуков, не само што го подигнува гласот против
9неговото организирање и изведување, туку тоа кога сепак ќе биде кренато, тој ќе организира и ќе спроведе во дело два делумно успешни атентата: едниот на пругата Жонксион-Салоник, а вториот на еден брод што
пловел во Црно море. И бродот и возот биле натоварени со турски војници кои биле испратени и насочени да стигнат во востанатите реони на
Македонија, со цел да „му ја земат мерката” на разбунтуваното македонско население. Целта на Манџуков со атентатите била да го спречи
пристигнувањето на овие турски војници во востанатите македонски
реони.
Тоа се глобално посматрано клучните насоки или настани во кои
се движи дејствието или ги опишува Манџуков во третиот и четвртиот
дел од неговите мемоарски записи. Меѓу нив секако спаѓаат и описите на
застрашувачките солунски атентати, на кои Манџуков им посветува
должно внимание и простор. Со посебен пиетет во нив се пишува за
нивните главни актери - бесмртните и бестрашни велешки гемиџии, кои
ја потресоа добро не само Турската империја, туку и тогашната (исто
како и сега) бесчувствителна за македонското прашање - Европа. Но, тоа
не му пречеше на еден француски новинар во еден од тогаш водечките
париски весници, да ги нарече Солунските атентатори - Рицари на динамитот.
Кога најнакрај би се направил еден рекапитулар, или би се изнела
една генерална оценка за третиот том од спомените на Петар Манџуков,
кои претставуваат блескава мемоарска граѓа, добро упатениот познавач
на овој период од македонската историја, а верувам и идните читатели,
не ќе можат да се ослободат од силниот впечаток дека се работи,
всушност за едно бурно патување во длабоката македонска историска
ноќ.
Ванчо МЕАНЏИСКИ
Download the book Предвесници на бурата МЕМОАРИ ТОМ 3/ Predvesnici na burata: memoari tom 3 for free or read online
Read Download
Continue reading on any device:
QR code
Last viewed books
Related books
Comments (0)
reload, if the code cannot be seen