Online Library TheLib.net » ЖИВИОТ ПЕСОК: ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА - НАУЧНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
cover of the book ЖИВИОТ ПЕСОК: ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА - НАУЧНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Ebook: ЖИВИОТ ПЕСОК: ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА - НАУЧНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

00
01.03.2024
0
0
ЖИВИОТ ПЕСОК: ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА
Една подлабока историска анализа најверојатно ќе ја потврди тезата дека времињата на значајни општествени промени и превирања
отсекогаш и одново го отворале прашањето за природата, местото и улогата на интелигенцијата во нив. Ако се согласиме дека и нашето време е време на такви промени, тогаш е разбирлив фактот што ова прашање и денес се јавува како едно од клучните за разбирање и објаснување на вкупните општествени процеси. Тоа го потврдуваат и,
во последно време, обновените расправи за него и околу него а кои, во
најповеќе случаи, поаѓаат од тоа дека објективно сеуште не се надминати историските услови кои интелигенцијата социјално ја детерминираат, издвојувајќи ја како нешто посебно во целината на општествената структура и односите во неа. Овие расправи се честопати проследени и со извесна доза на скептицизам, на тој вечен сопатник на секој
кој ќе се обиде да навлезе во „областа на социолошкиот жив песок” како
што, своевремено, Едгар Морен ја нарече темата за интелигенцијата.
Ако во таа смисла, за многумина интелигенцијата е нешто „недофатливо”, за политиката нешто „опасно”, за Морен таа е социолошки проблем кој крие многу теориски и методолошки замки за истражувачот. Ако се држиме до социологијата тогаш, како што вели тој,
проблемот како да започнува и да завршува со следното: Што е интелигенцијата? Што се интелектуалците? Каков тип на група се тие во општеството? Какви им се структурите и идеологијата? Каква улога
тие играат во политичкиот живот? Итн., итн... Проблемот, навистина,
како секогаш да започнува и да завршува со истите прашања.
Истражувањето во „областа на социолошкиот жив песок” повторно не исправа пред дилемата: дали е воопшто можна социолошката
анализа на интелигенцијата. Не е ли таквата анализа, всушност, своевидна авантура на духот, кој сака да се спознае самиот себе си? Ова дотолку повеќе што и самиот Морен, како творец на наведената метафора, смета дека интелектуалците не можат да го проучат прашањето на интелигенцијата, а притоа да не појдат од самоанализа и самокритика. Имено, кога интелектуалците расправаат за интелигенцијата тие нужно мора да расправаат за себе, за тоа што мислат за себе, како се
гледаат себе си во „сплетот на вкупното социоисториско окружување” или, како што вели Карл Манхајм, да се согледаат себе си не само како индивидуи, туку и како општествена група во сопствените очи. За 5Манхајм, имено, тоа што е вистина за поединецот важи речиси еднакво и за групите. Служејќи се со зборовите на американскиот социолог
Кули, тој ќе забележи дека тие (групите), исто така, имаат слика од
огледалото за сопствената природа, како и поединецот.
Кај таквата самоанализа, меѓутоа, нужно се јавуваат две потешкотии. Првата е од субјективна природа. Интелектуалецот е, имено, често наклонет да се гледа себе си така како што тој сака да се види: како
свест и совест на историјата и општеството и никако поинаку. Со таквиот самоглед можеме, се почесто, да се сретнеме и во сегашниот општествен миг. Таквото чувство дури и официјално се поттикнува.
Ако таа официјалност во нашето не толку далечно минато му го одзеде огледалото на интелектуалецот за да не се види во него, сега му го враќа, но не со задача во него да се види тој самиот, туку да ја види и
иднината што новата официјалност треба да си ја обезбеди и, повторно, рационално да ја оправда таа иднина. Задоволен од чинот на вратеното оглвдало интелектуалецот е повторно ставен во ситуација да се
разбере себе си „првенствено низ мислењата на другите”, како што би
рекол Манхајм. Клучното прашање е и сега, значи кој е тој „другиот”
во чии очи се гледаме себе си, вели тој, додавајќи дека историјата на
групното самоспознавање е во одредена смисла еволуција на свеста, а
секоја фаза од тој развој ја обележува природата на „оние другите” во
чии претстави и поединците се гледаат себе си. Обидувајќи се да укаже на истиот проблем, Морен смета дека „самокритиката” на интелектуалецот мора да води во правец на два противречни но нужни пола:
од една страна, кон дистанца во однос на сопствената интелектуалност, а од друга страна, кон продлабочување на таа интелектуалност,
односно од една страна кон десубјективизација, а од друга кон транссубјективизација.
Втората потешкотија е од субјективна природа. Квантитативниот
и квалитативниот раст на нивото на образованоста и општата култура
се повеќе ги потхранува мислењата дека современиот карактер на трудот, модерната технологија и постепеното бришење на границата меѓу
умствениот и физичкиот труд ја определуваат интелигенцијата само
во смисла на врвните творечки интелектуалци. Но, дури и таквите
врвни интелектуалци често не се во можност да дадат попрецизен
одговор на прашањето: дали „масовноста на интелектуалците” води
кон самоукинување на интелигенцијата, како што тоа го бара Сартр,
или кон нејзиното објективно исчезнување со остварување на Марксовата визија за „вкупниот работник” или, пак, таа е сеуште посебен слој
кој и понатаму го има чувството на самостојност, историски континуитет и интерес? Зашто, како што е тешко да се определи границата
каде што завршува мануелниот а каде започнува умствениот труд, исто
толку, ако не и повеќе, е тешко да се најде границата што го одделува
интелектуалецот од неинтелектуалецот. Критериумите за таквите дистинкции се многу различни. Од Платоновите концепции за филозофите како духовна елита па се до најновите сфаќања за менаџерското
општество. Причините за тие разлики, според нас, не може, да се
6бараат само во бројниот раст на оние што се занимаваат со умствен
труд или поседуваат определено образование. Антонио Грамши, во таа
смисла, пишува дека најраспространетата методолошка грешка се состои во тоа што критериумите на разликувањето (помеѓу интелигенцијата и, така да речеме, оние другите) се бараат во природата на интелектуалната дејност, а не во целокупниот систем во кој тие, а според
тоа и групите што нив ги отелотворуваат, се нашле во општиот склоп
на општествените односи. Во тој поглед ни се чини дека и Сартр е
близок до Грамши кога тврди дека интелектуалците (кои за него, исто
така, не се само оние кои се бават со интелектуален труд) треба да
научат дека универзалното кон кое се стремат треба да го сфатат во
стварноста, во моментот, во непосредната сегашност. Се чини дека
доколку интелектуалецот, во потрагата по сопствениот идентитет, не
ги прифати наведените мислења, се става со ситуација себе си да се
дефинира како човек кој знае кој е Тулуз-Лотрек, пред да биде прикажан филмот „Мулен Руж”, како што тоа духовито, но и со доза на блага
иронија, го забележал еден од читателите на списанието „Штерн”
(Бранислав МилошевиН, „Витезови духа”, списание „Данас” од 08. 08.
1989). Доколку ги прифати, тогаш несомнено треба да го утврди идентитетот на времето во кое живее за да може да го осознае и сопствениот
идентитет.
Значи, не станува збор само за некакви промени во бројноста на
интелигенцијата, туку за мноштво фактори кои во современото
општество влијаат врз нејзиното битие, врз постојаните и динамичните елементи на тоа битие. Претрпувајќи и самата радикални преобразби во него, таа во исто време, во сопствениот етос ги инкорпорира
универзалните вредности на својата историска претходница но создава и нови, отфрлајќи ги ознаките за себе кои не се примерени на времето. Нејзиниот броен пораст, може да се рече, само ги заострува критериумите за тоа кој може денес да се смета за интелектуалец и за припадник на интелигенцијата но, сам за себе, не зборува многу за нејзината природа, социјалната функција и местото во општеството. Оттука, се јавува и потребата од посебна структурна анализа на нејзините
социјални, професионални, квалификациони, демографски и други белези, за да се утврдат и скриените социјални детерминанти врз кои
израснува и нејзиното творечко битие.
Меѓутоа, има и такви мислења кои категорички тврдат дека интелектуалците и избегнуваат на строго социолошката анализа, дека од
становиштето на строго социолошкиот метод тие се несфатливи. На
пример, дека секој обид на социолошко толкување на Сократовите мисли останува прекратко. Според таквото мислење (Ѓуро Шушњиќ) кога Сократ говори социологијата мора да молчи! Таквото мислење, можеби, би можело да се прифати ако пред нас не се испречува една објективна состојба: имено, како денес, во времето на масовната култура
да го препознаеме гласот на Сократа, од сите страни опсипани со големи и мали „сократи” и „сократчиња” кои секојдневно ги слушаме,
7гледаме, среќаваме. Зад умноста на Сократ стоел самиот Сократ, зад
умноста на денешницата, пак, често стои некој колективен Сократ,
збир на поединци кои можат и да не се познаваат меѓу себе. А да не
зборуваме за оние што стануваат „сократи” благодарејќи му на она
што Сократ го говорел. Со други зборови речено, како да ја направиме
разликата меѓу копието и оригиналот? Очигледно е дека социјалната
база на интелигенцијата секојдневно се проширува поставувајќи го
прашањето за нејзиниот социјален идентитет во еден поинаков контекст. Вс^шност, интелигенцијата и станува објект на зголемен научен интерес од оној историски момент кога се преобразува во поширок, помаСовен слој кој, како таков, се наоѓа во посложен интеракциски
однос со Другите делови на општеството, вршејќи притоа и позначајно влијание врз сите процеси во него.
За Карл Манхајм, наспроти таквите мислења, интелигенцијата е
средише^ проблем на социологијата на духот. Тој дури зборува за посебна социолошка теорија за интелигенцијата. Меѓутоа, факт е дека
сеуште не можеме да зборуваме за поцелосна и поконсеквентна теорија за интелигенцијата ниту за некои позабележителни претходни трудови од историски карактер кои би дале попрецизни сознанија за нејзините корени, за нејзиниот настанок, развој и историски континуитет. Тоа важи дури и за оние автори кои и посветиле определено внимание, како што се, покрај Манхајм, и Ж. П. Сартр, Јозеф Шумпетер,
Т. Гајгер, А. Грамши, А. В. Гулднер, С. М. Липсет, Ј. Шќепански, П. П.
Амелин и др. Тоа уште повеќе се однесува на социолошката теорија
кај нас. Навистина, одвреме-навреме, можеме да се сретнеме со темата
за интелигенцијата но таа е секогаш во некоја конкретна функција -
или интфшгенцијата да се вклопи во политиката и владејачката идеологија или, пак, да се докаже нејзината инкопатибилност со нив. На
тој начин темата добива исклучително политички конотации кои не
дозволуваат нејзина посестрана елаборација. Посматрана ш сопсгего и
како груПа ѕш ^епепѕ интелигенцијата секогаш се поставува наспроти
оние друѓите - интелигенцијата и политиката, интелигенцијата и работничкДга класа, интелигенцијата и партијата, интелигенцијата и
нацијатак или, обратно, оние другите се поставени наспроти неа. Најчестата последица на таквиот пристап е априорното интелектуално
дисидентско кај интелектуалците и априорниот антиинтелектуализам кај оние другите. И, дилемата е веќе не само родена, туку и наметната: за или против интелигенцијата? Ако малку се поразмисли таа
дилема во теориска смисла, всушност, и не постои и обично, доколку
се појави, е резултат на дневнополитичките или идеолошките „прагматски апетити” кои, за жал, во конвертитската свест можат брзо да
еволуираат од „за” во „против” и обратно.
На темата за интелигенцијата или, поточно, за научната интелигенција во македонското општество и пристапивме токму во време на
една силна и брза, дури и дневна конверзија на македонското
општество, во време на преобразби не само во неговата структура, туку
8и во свеста на луѓето и во нивниот став кон интелигенцијата. Во
зависност од неговите носители, тој став се движи од митолошката
свест за нејзината „месијанска” улога до јавните обвинувања дека е таа
„петтата колона” на сопствениот народ. Таквата стварност ни ја постави, пред се, задачата да не му подлегнеме на моментот и на избрзаните
оценки, под влијанието на социјално-психолошките колебања на денот кои, често, долгата и макотрпна, „мирна” научна работа можат да
ја направат наизглед бесмислена, јалова, непримерена на актуелниот
општествен момент.
Меѓутоа, сето тоа можеби беше дополнителниот мотив да се
истрае во напорот што пообјективно и поегзактно да се оцрта овој
општествен слој, од кој, понатаму различно се диференцираат и дејствуваат често антагонистичките социјални групации. Ориентацијата
на истражувањето во тој правец, се чини, ќе може да ги даде елементите кои се релевантни за оценување на функцијата на интелигенцијата
и во општествените процеси. Впрочем, комплементарната обработка
на феноменот на нашата интелигенција е голема и сложена задача,
која во догледно време нема изгледи да биде извршена.
Во таква состојба навистина благотворно дејствуваат зборовите
на извесниот Лајонел Трилинг кој, сеќавајќи се на времето на својата
докторска дисертација, ќе рече: „Нешто од интелектуалното расположение на тоа време се одрази во мојата решеност трудот да најде своја
публика не само меѓу учените луѓе туку и меѓу пошироките слоеви”.
Со такво расположение, без претензии дека сосема ќе успееме, и
пристапуваме на нашата тема.
Download the book ЖИВИОТ ПЕСОК: ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА - НАУЧНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА for free or read online
Read Download
Continue reading on any device:
QR code
Last viewed books
Related books
Comments (0)
reload, if the code cannot be seen