Ebook: За улогата на личноста во историјата
Author: Георгиј Валентинович Плеханов
- Year: 1957
- Publisher: ИЗДАВАЧКО ПРЕТПРИЈАТИЕ „КУЛТУРА“
- City: Скопје
- Language: Macedonian
- pdf
ИЗДАВАЧКО ПРЕТПРИЈАТИЕ
„КУЛТУРА“ — СКОПЈЕ
•т
Г. В. Плеханов
КОН ПРАШАЊЕТО ЗА УЛОГАТА
НА ЛИЧНОСТА ВО ИСТОРИЈАТА
*
Превел
Борис Марков
*
Стручна редакција
Митко Илиевски
*
Коригирала
Нада Андонова
*
П О Г О В О Р
Македонскиот превод на делото на Плеханов „Кон прашањето за улогата на личноста во историјата“ се јавува на
свет во време кога дискусијата за местото на личноста во општествениот развиток добива нов поттик, овој пат под
форма на борба против „култот на личноста“. Борбата против
„култот на личноста“, прогресивна во својата основа, бидејќи
претставува друго име на борбата против незаконитост, деспотија и*севозможни антидемократски уклони во социјализмот?
носи во теоретски поглед една сериозна слабост: таа сака сите
гревови, заблуди, грешки и порази да ги објасни само со
лошите квалитети на една определена водечка личност, а не
се обидела досега да ја изнајде подлабоката, скриената основа
врз која никнат заблудите грешките и поразите, та и „култот
на личноста“ како нивен кондензат и надворешно манифестирање.
Без да се намалува опасноста од „култот на личноста“ (во
конкретни услови добро е дури и да се подвлекува оваа огасност), на марксистичката теорија и е должност да ги иследи
оние примарни услови и определувачки односи во кои личноста, индивидот може да се пројави како голема (позитивна
или негативна сеедно) сила, така што напати изгледа како да
дејствува сосема слободно, како фактор независен од надворешните околности. Делото на Плеханов, што го добива сега
нашиот читател во македонски превод, придонесува подобро
да се оцени влијанието на раководната личност врз развитокот
на општеството.
Оваа расправа на Плеханов се доближува до класичните
дела на марксистичката литература заради тоа што нејзиниот
57автор најдобро досега пристапил и го решил едно од важните
прашања на историскиот материјализам — местото и улогата
на личноста во развитокот на општеството. Од појавата на
Плехановата книшка изминале близу шеесет години, но таа
до денеска останала ненадмината иако и други марксистички
автори се искажувале за овој проблем.1
х) Зачудува пак пренебрегнувачкиот однос на советските
теоретичари кон ова дело на Плеханов. Во конпендиумот
„Историски материјализам “излегол 1954 во Москва во изданието на Академијата на науките на СССР под редакцијата на
Р. Константинов на 15 страници колку што се посветени на
проблемите за улогата на личноста во историјата, споменаттото
дело на Плеханов ниту се цитира, ниту се споменува иако
обилно се ползува. Се дава доста место на мислењето на претставителите на класичната руска филозофија, Бјелински,
Чернишевски и Доброљубов кои на ова прашање се сопирале
само узгредно, а Плеханов не се удостојува со никакво внимание.
И оваа брошура на Плеханов, односно редица статии што
по проблемите за улогата на личноста во историјата биле напишани во списанието „Научное обозрение“ бр. 3 и 4, како и
многу други класични марксистички дела, излегла од печат во
времето кога револуционерната пракса во Русија во последните години на минатиот век го издигнала ова прашање како
актуелно. Непосреден повод за појавата на споменатите статии
од Плеханов била книгата на германскиот историчар Карл
Лампрехт: „Историја на германскиот народ“ која во тоа време
се појавила во руски превод. Книгата на Карл Лампрехт
предизвикала големи дискусии како во Германија и другите
западно-европски земји, така и во Русија. Народничките теоретичари П. Лавров, Н. К. Михајловски, Н. Кареев и други
исто така во тоа време во своите написи се осврнувале на
овоу проблем и заземале чисто субективистичко' становиште.
За Плеханов тоа било уште еден повод повеќе да се запре
на овој проблем и да го обработи подетално од марксистичко
становиште.
Тргнувајќи од Хегела и Маркса, Плеханов станува како
против субективистичкото становиште кое ја преувеличува
улогата на големата личност во историјата, така и против
фаталистичкото становиште кое не наоѓало место за големата
личност во разјаснувашето на историските настани.
58Оповргнувајќи ги оние становишта кои на историјата
гледаат како на резултат од дејството само на општите при_
чини (на пример француските бУРжоаски историчари), Пле—
ханов станува и против субјективистичките становишта на
одделни историчари (Кареев, Михајловски и други). Плеханов
ги конфронтира овие две гледишта и покажува дека тие претставуваат две крајности, но во нив има елементи со кои и едното и другото сфаќање придонесуваат за оформување научно
становиште по овој проблем, иако и едното и другото во целост
не се научни, не ја изразуваат целата научна вистина. Плеханов приведува низа примери со кои, се служат теоретичарите и на едниот и на другиот правец, и укажува на тоа дека
и во едниот и во другиот случај општествените услови се
оној фундамент на кој израснува и доаѓа до израз една личност и се афирмира како голема личност.
„Излегува, вели Плеханов, дека личностите, благодарение
на дадени особености на својот карактер, можат да влијаат
на судбата на општеството. По некогаш влијанието биднува
дури многу значајно, но како самата можност за слично
влијание така и неговите размери се обусловени од организацијата на општеството, од соодноеот на неговите сили. Карактерот на личноста се јавува како „фактор“ на општествениот
развиток само таму само тогаш и само дотолку, каде, кога и
до колку тоа го дозволуваат општествените односи“.2)
2) Плеханов к питању о улози личности у историји „Култура“, Београд, 1950 г., страница 28.
Вистината што историјата постојано ја докажува, а имено^
дека големите времиња раѓаат големи луѓе, Плеханов ја дополнува со вистината што историјата исто така досега ја потврдувала, а тоа е дека важните историски настани им овозможуваат на големите луѓе, доколку овие дејствуваат во
правецот што историската нужност го набележува, да се
афирмираат и да се покажат како национални водачи.
Општествените односи кои даваат основен белег на историските настани можат да даваат поголема или помала можност карактерот на личноста што се наоѓа на раково^но место
во одредената земја да има попресудно или помало пресудна
значење. И големата личност, историски големата личност,
заради тоа што појдувајќи од една правилна оцена на истори-
59ската ситуација и нејзината перспектива, со својата организаторска способност и далекувидност, изнајдува патишта кои
најлесно, најбрзо и најсигурно водат кон реализиран>ето та
дури и забрзувашето на одредени историски процеси. Во онаа
мера во која големите личности ги разбрале дадените општествени односи, односно правецот на нивниот развиток во
поблиска или подалечна иднина, и со својата дејност го помагаат токму тој развитоќ, во таа мера влијанието на таквите
личности има поголем радиус, а ефектот на нивното дејствуван>е е историски позначаен.
Тргнувајќи од Хегела и Маркса, Плеханов ја надвладува
противречноста меѓу субјективистите и фаталистите и ја отклонува нивната едностраност во разибрањето дијалектичката
поврзаност (единство) меѓу нужноста и случајноста, односно
меѓу нужноста и слободата.
Веќе за Хегела голема историска личност е онаа личност која била способна да го сфати нужниот, то ест законитиот историски развиток, и која својата енергија, умешност
и раководење ги ставала во служба на извршување на таа
историска нужност. За Хегела големите историски личности
„... наедно биле мисловни луѓе што имале увид во тоа што е
нужно и за што е време. Нивната задача била да ја знаат
онаа општа ,онаа нужна, идна стапка на својот свет тој свет
да им стане цел и своите енергии да ги вложат во него“.3)
3) Хегел: „Филозофија повјести“, „Култура“, Загреб, 1951
тод., стр. 45.
4) Хегел: „Филозофија повјести“, „Култура“, Загреб, 1951
год., стр. 44.
Овие луѓе, според Хегела, го заслужуваат името херој
поради тоа што нивните акции „содржуваат супстанција која
е волја на светскиот дух“.4) Плеханов во своето дело „За
улогата на личноста во историјата“ ја доразработува оваа
Хегелова мисла. Со конкретната анализа на големите историски личности (Роебспјер, Наполеон и други), Плеханов покажува дека причините на многу значајни историски настани не
можат да се објаснат само со некое самоволно дејствување на
овие истакнати личности. Сфаќањето дека големите луѓе се
единствени творци на значајните историски настани ни ја
прикрива вистинската суштина на нивната улога — која има
60граници и е условена со одредени општествени односи во кои
големите личности дејствуваат. И Плеханов, сосема кравилно^
ги разработува и конкретно решува Хегеловите поставки за
улогата на големата личност во историјата низ аспектот на
односот меѓу нужноста и случајноста. Потпирајќи се на Маркса
и Енгелса, Плеханов успева да покаже дека моментот на нужноста кој кај Хегел е кондензиран во „светскиот дух“ не е
ништо друго ами онаа објективна законитост по која се одвиваат сите општествени измени. И големата личност која во
однос на таа објективна општествена законитост претставува
случајност, доаѓа до израз само тогаш кога се појави како
израз и носител односно реализатор на општествената нужност. Но, прв и основен услов за такво пројавување на
големата личност е познанието на нужните закони по кои
се одвива историскиот развиток. И токму, во познанието на
објективната нужност се наоѓа почетокот на слободната акција
на луѓето. Напоредо со проширувањето на познанието на
објективната нужност, се проширувал и радиусот на улогата
на големите луѓе, односно на луѓето воопшто. Запознавајќи ги
законите на нужноста, нужните врски што владеат во
природата и во општеството, човекот овладувал се повеќе со
нив и се ослободувал од својата потчинетост на стегите како
што најчесто се манифестирала тие нужни законски врски..
Познанието на нужноста ги ослободувало човековите сили
за активности што му донесувале нови и се позначителни
победи над нужноста што владее во природата и општеството.
€о својата анализа на улогата на големата личност во историјата, Плеханов ни помага. Хегеловата мисла дека слободата
е познана нужност. Да ја сватиме, во горната смисла. Познанието на нужноста низ која се манифестира човековата слобода не е ништо друго ами начин и средство за ослободувањето
на човекот од неговата потчинетост, неговата окованост со
нужните закони што владеат околу нето.
*
* $
Денес за марксистите проблемот не е во тоа да ја разберат улогата на одделната истакната личност во општествениот развиток како подреден, но инаку активен фактор.
61Благодарение на историскиот материјализам за чие ширење,
објаснување и доразбирање на мала заслуга има и Г.
Плеханов, оваа вистина овладеела во голема мера со свеста
на луѓето. Меѓутоа, определувајќи го правилно во општи
црти односот меѓу нужноста и слободата, т.е. примарноста
на првата и подреденоста и ограниченоста на втората, при
оценката на една конкретна историска појава може улогата
на некоја истакната личност да биДе потценета или натценета.
Филозофите, историчарите и социолозите при оценката
на определени општествени појави, дури и кога тргнувале во
основа од едно правилно становиште за односот меѓу законски нужниот општествено-историски развиток и улогата на
големите личности во тој развиток, грешиле во тоа што го
потценувале односно натценувале ту едниот ту другиот фактор
и се движеле по една цик-цак линија, отклонувајќи се така
од максимално точната оценка за релативната улога на едниот
односно другиот фактор. Напредокот што посебните општествени науки го постигнаа овозможува меѓу другото и тоа да
се сведат на помали размери отстапувањата и отклоните од
една оценка што ќе ја одразува до максимум адекватно објективната реалност.
Оттука следи дека еден правилен поглед на светот,
марксистичкиот поглед на свет е претпоставка за објективно
определување местото на истакнатата, раководната личност
во општествениот развиток. Ваков еден светоглед ќе ни ја
даде првата и главна основа за да можеме да се ориентираме
во сложениот сплет од дејства и противдејства на одделни
личности, групи, слоеви, класи и маси, дејства различни по
интензитет, време, простор правец и тн., од кои, како резултанта, настанува една определена општествена појава. Делото
на Плеханов што на читателот го има в раце ја дава со успех
таа ориентациона основа, и со тоа исполнува една важна
задачата во познанието на општествените проблеми.
Меѓутоа, за да се премине од една правилна но обопштена
(затоа и апстрактна) излезна ориентациона основа, кон една
објективна оценка на некои конкретни историски, социолошки
или економски феномени, нужни се уште две претпоставки:
прво, точно познавање на историските, социолошките, односно
економските факти, и второ, способност за творечка, креа-
62тивна примена на овој ориентационен инструмент за кои се
говори во делото на Плеханов.
Една од причините за погрешната оцена на улогата на
раководните личности е во тоа што не се зема предвид еден
важен фактор — должината на историскиот период што се
разгледува. Ако се разгледуваат цели историски епохи, на
пример, една општествено историска формација, улогата на
одделната раководна личност мошне се смалува, понекогаш
дури исчезнува. Сега се на прв план масите и основните класи
во нив, а класната борба, единствената движечка сила на
општествените измени и прогрес, како да се обезличува сосема.
Меѓутоа, кога нашите истражувања се ориентирани на
покуси историски период во развитокот на општеството, улогата на личноста расте. Понекогаш дури се добива впечаток
дека раководната личност станува неограничена движечка
сила на општеството, та дури му го определува правецот на
движењето. Едновремено, законитото движење на масите,
определено со развитокот на материјалните производни сили
на општеството, станува матно, недоволно јасно.
Заради тоа, при определување на улогата на личноста во
историјата, ние треба да земеме предвид и подолги и покуси
интревали. Да ја земеме за пример една позната на современиот свет, инаку опскурна раководна личност — Стаљин. —
Овој деспот можеше да ја манифестира својата сила со уште
поголем број масакри, но тој, иако сесилен, не можеше да го
врати тркалото на историјата назад, не можеше на пример да
воспостави одново феудален или робовладетелски систем.
Покрај очигледните антисоцијалистички деформации што ги
спроведе во разни сфери во животот, тој не можеше да ги
поништи основите на една нова епоха — социјализмот. Гледано
ѕиб ѕресЈе аеТегпИаНѕ сталинистичката деформација на социјализмот претставува само една епизода и еден детал во
историјата на социјализмот што можат да го забават неговиот
развиток, но не можат ни да го уништат ни да го заменат со
една надмината општествена економска формација.
Меѓутоа, сталинистичката епоха претставува, мерена со
други мерила, на пример со човечкиот век, еден длабок потрес
што ја определи судбата на неколку генерации во СССР, а во
светски размери го забави, дезориентира и привремено сопре
63победоносниот од на меѓународниот социјализам. Од вакво
становиште, улогата на сталиновата личност во таа епоха се
покажува во поинакви размери.
Заради тоа, при една објективна оценка на улогата на
истакнатите, раководните личности, треба да се мерат и оценуваат во покуси и подолги историски интервали.
Меѓутоа, ако се говори за временски периоди, не се мисли
на нивната квантитативна страна, т.е. на нивната должина,
туку се има предвид пред се, нивната квалитативна страна т.е.
измената на формата на продукционите односи. Дека ни најсилната, најнадарената раководна личност не може да создаде
нови продукциони односи, ако материјалните производни сили
не достигнале определен ниво на развитокот, не е нужно да се
докажува.
Заради тоа, преминот од капитализам во социјализам е
една историска неминовност определена со степенот на развитокот на материјалните производни сили на општеството, и
таа ќе дејствува со силата на природен закон. Меѓутоа, кога
и како ќе се изврши замената на еден преживел систем со
еден нов систем, во какви размери ќе се изврши оваа замена,
со каков успех ќе се изградува новиот систем, сето тоа во
голема мера ќе зависи од надареноста или бронираноста, од
енергијата или млитавоста, упоритоста или колебливоста и тн.
на раководните личности.
Иако во книгата правилно е определен односот меѓу
нужниот историски развиток и улогата на личноста во овој
развиток, читателот напати добива впечаток како да е и самиот Плеханов склон да ја потцени до некаде улогата на
личноста. Тоа може да се објасни со два момента: прво, со1 тоа
што пораширено во она време било верувањето дека историјата ја прават раковдните личности во зависност од нивните
човечки квалитети, та против таа заблуда требало да Се мобилизираат најмногу научни аргументи; второ, со тоа што
„случајните појави и личните особености на знаменитите
личности се неспоредливо повидливи од општите причини кои
се длабоко скриени“,5) та било нужно порелјефно да се
покажат токму овие „скриени“ причини.
5) Г. В. Плеханов „К питању о улози личности у историји“, „Култура“, Београд, страница 37 — 1950 год.
64Заради сето тоа Плеханов е во право кога вели: „Големиот човек се јавува имено почетник, бидејќи гледа подалеку
од другите и сака посилно од другите. Тој решува научни
задачи што се ставени на дневен ред од претходниот тек на
умствениот развиток на општеството; тој укажува на новите
општествени потреби, создадени од претходниот развиток на
општествените односи. Тој ја зема на себе иницијативата за
задоволување на тие потреби. Тој е херој. Херој не во таа
смисла како божем да може да го запре или да го измени
природниот тек на работите, а во тоа што неговата дејност се
јавува како свесен и слободен израз на тој нужен и несвесен
тек. Во тоа е сето негово значење, во тоа е сета негова сила.
Но тоа е колосално значење и страшна сила.
Ако трудот на Плеханов: „За улогата на личноста во
историјата“ го проценуваме од становиштето колку тој го
ослободува човекот и масите за нивните историски акции,
тогаш овој труд со цраво може да се стави во ред до останатите марксистички дела кои ја ослободувале човечката свест
и му помагале на човекот да ја сфати смислата на историското
движење на кое му припаѓа, како и да ја согледува иднината
пред која стои.
Деса Миљоска
65
6) Г. В. Плеханов „К питању о улози личности у историји“, „Култура“, Београд, 1950 год. страница 41.
5 За улогата на личноста во историјата
Тех. уредник
Бојаџиевски Коста
❖
Печатешето е завршено во месец
мај 1957 во печатницата „Гоце
Делчев“ I Скопје (174)

Download the book За улогата на личноста во историјата for free or read online
Continue reading on any device:
Last viewed books
Related books
{related-news}
Comments (0)