Online Library TheLib.net » Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало
cover of the book Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало

Ebook: Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало

00
12.02.2024
0
0
Целта на ова учебно помагало е да направи преглед на основните поими коишто се опфатени во содржината на предметот Вовед во право на Европската Унија на Правниот факултет при Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.

Скриптата претставува наставно помагало за студентите на првиот циклус на студии, изработено согласно Наставниот план и програма.

Во неа се опфатени четири тематски единици: Европската интеграција и нејзините особености, Договорите за Европската заедница и Европската Унија, Правните извори и Институциите на ЕУ.

Содржината на скриптат е резултат на темелно истражување на оваа материја, при што се користени голем број научни книги и трудови (на англиски, германски и македонски јазик).

Имајќи ја во предвид актуелноста на темата и постојаните измени и дополнувања на концептите и правната рамка во која делува Унијата, користени се и документи публикувани на веб страниците на Европската комисија.

Скриптата по својата природа содржи материјал којшто со текот на времето може да трпи одредени промени и да прерасне во учебник наменет за сите заинтересирани за развојниот процес на Европската Унија.
Download the book Вовед во правото на Европската Унија. Скрипта. Учебно помагало for free or read online
Read Download
Continue reading on any device:
QR code
Last viewed books
Related books
Comments (0)
reload, if the code cannot be seen